Наоми Кембел и Клаудија Шифер повторно заедно за новата кампања на Томи Хилфигер

25 октомври 2013

Прекрасните супермодели Наоми Кембел и Клаудија Шифер повторно се споија за да снимат кампања за Томи Хилфигер за подигање на свесноста за ракот на дојката.

Двете убавици на 43 годишна возраст, беа избрани од светскиот бренд да бидат дел од кампањата за новата чанта во лимитирано издание, по цена од 299 долари, од кои 100 долари одат за невладината организација „Breast Health International“.

Во изјава за медиумите Наоми вели дека и било особено чест да биде дел од оваа кампања, бидејќи и нејзината мајка водела битка со ракот и предизвиците што тој ги носи.

Кембел и Клаудија Шифер позираат со новата прекрасна чанта на Томи Хилфигер која може да се најде во црвена, бела и сина боја.

Фотосесијата беше направена од легендарниот Patrick Demarchelier, со кој и двете работат од почетокот на нивните кариери во 90 – те.

Американскиот дизајнер Хилфигер, 62, изјави дека му била особена чест што и двете прекрасни дами се согласиле да бидат дел од неговата кампања.

Чантите на Хилфигер може да се најдат во неговите продавници ширум светот и преку неговиот веб сајт.

Објавено:
25 октомври 2013
Категорија: 
Актуел