Модниот бренд „Малбери“ неодамна ја претстави новата чанта. Кожена, компактна и со моќен изглед, таа ќе биде совршен сојузник на жените што практичноста ја ставаат пред сѐ.

Моделот на чантата е насловен „Maple“, а многумина коментираат дека естетиката на овој моден додаток неодоливо потсетува на модната куќа „Селин“.

Со оглед дека сегашниот директор на „Малбери“, Џони Коко, дел од својата кариера ја помина токму во францускиот бренд, не треба да изненадуваат сличностите.

Инаку, чантата е дизајнирана со две мали рачки и една голема. Има еден надворешен џеб, мултифункционална е и наменета за деловните жени. Со оглед дека е со А4 димензии, се размислувало во неа да може да го ставите и лаптопот или таблетот. Моделот е достапен во неколку бои и текстури.

Објавено:
16 јуни 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
409 пати