Дизајнерката Еми Норис има нова колекција накит која претставува продолжување на панк бунтовната приказна од модната колекција „Фанкахолик".

Колекцијата е насловена „Инфлуенсер" и се состои од сетови накит: алки, огрлици, ланчиња и обетки.

Изработена е од метал и плексиглас со детали од дрво, гума, плута, принтови и слично.

„Дизајнот на колекцијата е инспириран од орнаментиката на кругот, квадратот и триаголникот кои Австрискиот сликар Густав Климт ги користел во своите дела и кои го симболизираат женскиот и машкиот еротицизам", вели дизајнерката.

Дел од фотографиите за колекцијата се резултат на соработката на дизајнерката со модната блогерка Дани Ѓуровска, дизајнерката Марија Трајанова и фотографот Дарко Митев.

 

Објавено:
8 јуни 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
313 пати