Сезоната на топла облека започна. Тоа подразбира дека слоевитите комбинации се почесто ќе бидат застапени во нашиот секојдневен стил. А едно од оние стилски, а топли парчиња кои се задолжителни во таквото слоевито комбинирање на облеката е зимскиот, предимензиониран шал.

Не само што ќе не стопли во студените зимски денови, туку предимензионираниот шал што наликува на удобно ќебе, е одличен избор за експериментирање со различните варијанти на комбинирање: може да го носите наметнато, облечено врз кожена јакна, прицврстено на струк со ремен или пак наметнато на едно рамо.

Можностите за комбинирање се неограничени. Ви предлагаме да го споите со омилениот макси фустан, со елекот од чоја или пак со џинс и чизми над колена.

 

Објавено:
5 ноември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
4.464 пати