Предимензиониран шал како задолжително парче од есенската „униформа“

6 октомври 2018

Топлиот и слоевит, есенски и зимски изглед – независно од индивидуалниот стил, вклучува едно парче што е есенцијално и заедничко за сите – омилениот, предимензиониран шал налик на ќебе.

Покрај неговата исклучително практична функција, особено во студените зимски денови, предимензионираниот шал е беспрекорен моден додаток што ќе му даде посебен шарм на вашиот аутфит.


Уште една причина поради која го обожуваме е тоа што може да го комбинираме во бројни различни варијанти, па дури и кога се во прашање исти парчиња облека.

Совршено оди во пар со зимски шешир, а и сезонава ќе го носиме со ремен околу струк, што важи за една од најпопуларните комбинации во уличната мода.

За инспирација ви посочуваме неколку интересни примери, како го комбинираат предимензионираниот шал стилските девојки во уличната мода.

Објавено:
6 октомври 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.750 пати