Секоја стилска есенска комбинација завршува со добра јакна. Вообичаено сезоната ја започнуваме со тексас или лесни бомбер јакни, но како паѓа температурата, така ги заменуваме со потопли варијанти како што се макси капутите или мантилите.
Еден безвременски модел на јакна, што секоја сезона добива се поусовршена варијанта, е „авијатичарката".
Практична, стилска, топла и урбана, се веројатно основните карактеристики поради кои сите го обожуваме овој модел.
Има свои верзии и кај комерцијалните и кај луксузните брендови, а секогаш е актуелна во комбинациите од уличната мода.
Доколку соодветно ја комбинирате, може да постигнете беспрекорен елегантен ефект, на пример во комбинација со романтичен фустан или пак шик изглед со миди здолниште или предимензиониран џинс.