Обојте го овој октомври во розово – стилската бомбер јакна од Елена Лука е моден хит!

14 октомври 2019

Октомври е розов месец, со суштинска симболика и гласна порака за подигнувањето на јавната свест за ракот на дојка, а модниот свет секоја година со различни кампањи придонесува за масовноста на пораката.

Во прилог на ова круцијално прашање за нашето здравје, денеска нашиот избор од актуелната линија на модниот бренд Елена Лука е розов.

Се работи за исклучително урбана и стилска бомбер јакна во нијанса на розово, со акцент на натписот на грбот.

Нашата модна блогерка Александра Трпеска (Majestic) апсолутно се пронајде во овој ексклузивен модел на бомбер јакна и одлично го вклопи во својата препознатлива стилска естетика.

Овој модел, како и бројни други варијанти на бомбер јакни совршени за сезонава, може да ги најдете во продажба во ателјеата на Елена Лука или на онлајн продавницата на брендот.

Објавено:
14 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
709 пати