Модната блогерка Александра Трпеска во безвременски спој: џинс + патики од Елена Лука

19 септември 2019

Урбано, кул и безвременски – овој спој функционира во сечиј имиџ.

Токму затоа сите парчиња што ги носат овие карактеристики се секогаш вредни за инвестиција, а никогаш не губат од својата актуелност.

Џинсот, патиките и едноставната бела маичка носат култен статус во модната индустрија и токму тие се дефиниција за урбано, кул и безвременско.

А нашата модна блогерка Александра Трпеска (Majestic) направи одличен избор на џинс и патики од етаблираниот моден бренд Елена Лука и ги спои со бела маичка, а ги комбинираше во стилска целина која говори за нејзината индивидуалност.

 

Моделот на џинс е неодоливо шармантен, а истовремено удобен. Навезен е со ситни, декоративни детали што му даваат уникатен стилски акцент, а може да се комбинира и со кошула, блејзер или бомбер јакна.


Патиките се толку впечатливи што и во наједноставен, минималистички аутфит ќе дадат посебен моден фокус, а притоа се најсоодветен избор за кежуал изглед.

Парчињата може да ги најдете во продажба во ателјеата на Елена Лука или во онлајн продажба на интернет продавницата на брендот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk) onSep 19, 2019 at 3:22am PDT

Објавено:
19 септември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.293 пати