Мини светкав фустан од Елена Лука – атрактивен дизајн за посебни пригоди

11 ноември 2019

Ни претстои празничен период во кој светките се задолжителни, а ни носат посебно расположение и магија.
А токму со таква празнична нота е новиот модел на фустан со дизајнерскиот потпис на Елена Лука, што одлично ќе се вклопи во идејата за впечатлив, стилски и уникатен изглед за некоја посебна пригода или за празничните забави што следуваат на вашата агенда.

Нашата модна блогерка Александра Трпеска (Majestic) ова екстравагантно парче во црна боја со минималистички дизајн го имплементираше во еден едноставен, а исклучително привлечен стајлинг, каде акцентот е токму на фустанот.

Овој модел може да го комбинирате во различни варијанти и со тоа да му дадете различна димензија. Под фустанот може да облечете предимензионирана бела кошула и на овој аутфит да додадете милитари чизми или пак за поелегантен изглед, комбинирајте го со црно сако и чевли на високи потпетици.

Може да го најдете во продажба во ателјеата на Елена Лука или на онлајн продавницата на брендот.

 

Објавено:
11 ноември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.632 пати