Во периодот на 70-те кога низ улиците на Лондон се раѓаше панкерската субкултира, нејзините припадници не можеа да замислат дека движењето кое до тогаш беше израз на бунт,  после четири децении на стагнација ќе стане mainstream  во општеството.

 

 

Дизајните изгледаат „опасно“,  бидејќи нивни главни украси се различни шила, патенти, навртки , креирајќи груб и агресивен изглед. Но денес овие „опасни“ модни додатоци добија гламурозна визија, украсена со циркони, злато, сребро и драгоцени камења. Донатела Версаче порачува овој тип на накит да се комбинира со неопанк парчиња облека, а модната куќа Родарте, пак, инвентивните аксесоари ги комбинира со женствени комбинации изработени од свила, за да се  постигне ефектен контраст на стил и тренд.

 

 

 

Објавено:
5 декември 2013
Категорија: 
Модни додатоци