Правилен облик на веѓите
На сите им се случува да погрешат со пинцетата за обликување веѓи, Анастасија омилената козметичарка на Рис Витерспун и Шарлиз Терон вели дека обликот на веѓите мора да ги следи линиите на лицето, доколку не ви се правилно обликувани вашето лице може да изгледа сосема поинаку.
Тајната е во сунѓерчето
Многумина од професионалните шминкери нанесуваат пудра со помош на влажно сунѓерче. Овој трик ретко кој го знае, а за него професионалците велат дека пудрата и коректорот многу полесно и рамномерно се нанесуваат на лицето. Мал естра совет: водата со која ќе го намокрите апликаторот нека биде топла.
Секси ефект на усните
Кога славната шминкерка Пет Макграт сака да создаде секси ефект на усните, се користи со прстите, а не со четка или директно со карминот.
Маска за лице
Шминкерката на Ен Хатвеј објаснува дека пред да ја нашминка својата славна клиентка и нанесува маска на лицето која претходно ја загреала со фен. Нејзиното објаснување е дека топлината на маската помага влагата на кожата да продре длабоко и да остане така подолго време.
Едноставни алатки
И славните шминкери ги немаат сите возможни алатки, затоа тие велат дека една од најпрактичните е чепкалката за уши, но онаа со тенок врв, која помага многу лесно да го избришете она што сте го погрешиле.
Мокар апликатор
Сигурно сте се запрашале како да ја задржите сенката за очи и моливот подолго на окото. И овој трик е многу едноставен, со тоа што ќе го намокрите апликаторот, а сенката и моливот ќе се задржат на окото многу подолго.