Шминка за улична мода

17 септември 2013

cos-01-carly-diandra-de

Нема кој не сака да носи црвен кармин или да го постигне ефектот на зачадени очи кога е шминката во прашање, а особено кога се работи за дневни комбинации.

Во продолжение погледнете ги туторијалите како можете да ја постигнете таа шминка, а да не делувате нападно и невкусно.

Направете пилинг на усните, ставете лабело. Исцртајте ги усните со црвен молив по рабовите и по целата површина на усните. Потоа нанесете пудра на лицето (за да добиете порцеланска нијанса на лицето) и на крајот додадете го карминот и размачкајте го.

cosmo-stylish-red-lips-howto6-de

За втората варијанта, зачадениот поглед најпрвин ставете подлога на капаците, за сенката да ви стои подолго. Потоа, на долната линија на окото, нанесете бел молив. На капакот нанесете сенка во земјени нијанси, од посветла кон потемна. Нанесете туш, а потоа со потемната сенка “досенчајте“ ги капаците во долниот дел. На крајот ставете метален сјај и маскара и ќе го добиете посакуваниот изглед.

cosmo-stylish-smoky-eyes-howto-7-de

Објавено:
17 септември 2013
Категорија: 
Убавина