Жолтата и зелената боја асоцираат на боите на џунглата. Ние ќе ве посоветуваме како по брза и едноставна постапка да изгледате неодоливо како свежо егзотично овошје.

Нежно портокалова или златна сенка нанесете на очниот капак. На внатрешниот дел на капакот нанесете жолта сенка, а на страничниот дел зелена. Добро размачкајте ги сенките за да нема остар премин од една до друга нијанса.

На долниот капак прво нацртајте линија со зелен молив за очи, а потоа несете жолта и зелена сенка во потенок слој. На трепките ставете зелена или црна маскара, а на образите ставете руменило, боја кајсија. И за крај ставете пастелно розев сјај или кармин на устата.

Објавено:
18 јули 2013
Категорија: 
Убавина
Тагови: 
мејкап тропски