Трикови за шминка за 35+

10 ноември 2015

Во шминкањето секогаш постојат трикови и техники за што подобар изглед. Во продолжение следат совети од меѓународниот шминкер на козметичката компанија Estee Lauder, како да ги „намалите“ годините.

Моментален лифтинг

Нанесете бронзер во прав под јаболчниците, следете ја линијата која се протега од аголот на усните до увото. Темелно нанесете го бронзерот, за да изгледа природно. Овој трик ќе направи вашата кожа да изгледа затегнато. За кожата да не изгледа „нечисто“, одберете бронзер во прав без црвенкасти тонови.

Отворен поглед

Веѓите многу придонесуваат за убавината на вашето лице, затоа мора да бидат добро обликувани. Одберете јасен облик, за вашето око да дојде до израз. Прво, важено е врвот на веѓите да биде во своја основа или благо над тоа. Најдобро е веѓите да ги обликува мејкап артист, а не козметичар. Но, дури и да ја имате идеалната форма на веѓи, тоа не значи дека не треба да имате шминка. Молив, бои и фиксирање се трите нешта што ќе ви помогнат.

Тен

Според последните истражувања, нееднаквоста на тенот влијае на тоа да изгледате постаро. За совршен тен постојат само два трика: Максимално светла текстура и нијанси во пола тон посветли од природната боја на кожа. За да ги сокриете недостатоците, третирајте само одредени делови. Можеби овој вид на шминкање ќе потрае неколку минути повеќе, но резултатот ќе биде природен совршен тен.

Додајте боја

Младите девојки со црвен кармин за усни изгледаат десет години повозрасно. Кај возрасните жени пак, напротив, црениот кармин го брише тој број на години. Затоа, слободно користете ја класичната боја на усни. Ако сакате да ги направите малку пополни, на центарот на усните, додајте сјај во беж боја.

Нагласете ги очите

Со шминка, ставете акцент само на горниот капак. Додајте малку сенка во шампањ нијанса, долж линијата на капакот. Ако се одлучите за ајлајнер, обидете се да го нанесете бликсу до трепките, така да изглед како продолжение на вашите трепки. Започнете од надворешниот агол и извлечете линија долж горните трепки. Уверете се дека долната и горната линија се поврзани во аголот на окото и додајте малку темна сенка на дното на окото, за да го ублажи изгледот.

Објавено:
10 ноември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.039 пати
Тагови: 
шминка трикови 35+