Париз потврди- модата ја „вртат“ чевлите и чантите!

1 март 2014

Париската модна недела е уште една модна „рунда“ на луксузни етикети, уникатни детали, креативни модни додатоци, познати брендови, интересни модели на чевли, неверојатни чанти и ранци, како и оригинален избор на накит. Уличниот стил дефинитивно го живее своето време. Изгледа дека наредниве неколку години, уличната мода ќе биде таа која ќе ги диктира идните тенденции.

 

Станува збор за вистинска борба на стилови, комбинации и модни спојки на дезени, материјали, модни додатоци, чевли и накит. Сериозен уличен „натпревар“ кој е мошне продуктивен, бидејќи никогаш нема да дознаеме до каде ќе отиде нашата модна фантазија. Еве ви неколку идеи на највпечатливите чанти и чевли кои се „прошетаа“ по париските улици.

Објавено:
1 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци