Овој пат таа како материјал го искористи плексигласот. Проѕирните еднобојни кутии се идеален минималистички моден додаток за сите оние трендсетерки кои со себе сакаат да носaт помала форма на аксесоар, без многу детали и украси, а сепак да изгледаат шик.

Транспарентните плик чанти се дел и од колекциите на Бурбери, Страдивариус и Зара, па доколку со вас секогаш ги понесувате само најнеопходните работи, како мобилниот телефон и клучевите, тие се вистински избор за вас.

Објавено:
25 јуни 2013
Категорија: 
Модни додатоци