Плик-чанти со моќни натписи - впечатлив додаток за оваа есен

3 септември 2014

Модните додатоци кои дефинитивно царуваа по пистите во есенско-зимските колекции за 2014/15 година се плик чантите со провокативни и моќни пораки на нив. Впечатливи и разиграни, овие чанти одлично ќе се вклопат во вашите зимски модни комбинации. Студените денови се одликуваат со слоевити комбинации, плетени џемпери, капути, палта, па едноставните чанти со ефективен натпис одлично ќе се вклопат во вашиот секојдневен аутфит и ќе му дадат свежина и една сосема поинаква нота на урбаност.

Валентино Валентино

На писта ги видовме кај Филип Лим, Карен Валкер, House of Holland, а сега вакви понуди направија и брендовите како H&M. Одберете си го и вие натписот кој најдобро го опишува вашиот карактер, животно мото и кажете гласно без да изустите збор!

 

Објавено:
3 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци