Погледнете какви модни додатоци предлага Диор за оваа есен

5 септември 2014

Оваа есен одличните Диор од модните додатоци на пиедестал ги ставаат колоритните чанти и чевли, за кои, како што веќе очекувавме, се одлични!

Дел од новиот едиторијал на Диор се прекрасните модели ФеиФеи Сун и Џулија Нобис, а како што веќе знаеме истиот го фотографираше Вили Вандерпер.

Главниот акцент е ставен на чевлите од последната колекција на брендот – составени од високи потпетици и ниски патики со супер детали.

Она што особено е впечатливо се чантите кои според брендот ќе бидат најактуелни следната сезона. Истите се направени од крокодилска кожа и можете да ги најдете во неколку бои и претежно во коцкаста форма.

Во продолжение, погледнете ги сите модели на модни додатоци за кои сме сигурни дека ќе бидат дел од секојдневието на голем број трендсетерки ширум светот.

Објавено:
5 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци