Топ модели во креации на номинираните за CFDA наградите

24 мај 2014

Секоја година во пресрет на церемонијата на доделување награди за најголеми достигнувања во светот на модата од страна на CFDA (советот на модни дизајнери од Америка), се организира и фотосесија со топ модели кои ги носат фустаните на номинираните кандидати. Восхитувајте и  се на Џулија Нобис, Натали Вестлинг и Ана Еверс и пробајте да погодите кои ќе бидат победниците!

На доделувањето на наградите од страна на CFDA, една од главните награди од областа на модата ќе се одржи на втори јуни. Кандидатите се веќе познати, а познати се и имињата на презентерите кои ќе ги врачуваат наградите на победниците. Оваа година се случија неколку измени со воведување на нови категории за награди како Инстаграм, блогери и ентузијастичка мода. Списанието  CFDA излегува секоја година пред почетокот на церемонијата, а во него врвните топ модели ќе позираат пред фотообјективот на Вили Вандерпер во аутфитите на номинираните. Том Форд, Марк Џејкобс, Раф Симонс, Александар Ванг, видете кој од овие дизајнери ќе го освои врвот на втори јуни.

Објавено:
24 мај 2014
Категорија: 
Актуел