Минатата зима UGG чизмите се вратија на модната сцена како едни од омилените парчиња на светските трендсетерки, но и на сите девојки кои сакаат удобни обувки кои ќе ги стоплат во студените денови.

Оваа сезона овој ултра популарен модел на чизми доаѓа во една сосема поинаква варијанта на која ќе се израдуваат сите обожавателки ширум светот.

Имено, тимот дизајнери на брендот создаде водоотпорни модели со што предизвика уште поголем интерес кај сите оние девојки кои сакаат лежерни комбинации, а помеѓу нив и прекрасната Роси Хантингтон Вајтли која е заштитно лице на брендот.

Соработката на брендот со познатата манекенка беше нешто што тие го најавија уште пред неколку месеци, а овие денови беше објавена и кампањата во која Роси изгледа супер стилски во бројни комбинации со UGG чизмичките.

Покрај тоа што брендот ги направи моделите водоотпорни, тие го исфрлија и зборот „Австралија“ од логото за кои многумина велеа дека е сосема непотребен.

Сите модели тие ги направија уште помеки, поиздржливи и отпорни на влага и вода. Сосема нормално, овие новости ја зголемија цената на моделите за околу 10 долари, а многу наскоро ќе биде објавена и целата нова колекција и сите слатки модели.

Објавено:
23 август 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.482 пати