Фановите на модната куќа Прада, ќе бидат особено радосни на новото изненадување кое им го подготви тимот на оваа етикета. Имено, Прада им дозволува на своите клиенти сами да си ги создадат своите идеални чевли и сандали. Времетраењето на понудата ќе биде два дена, а „местото на злосторот“ нивната продавница на Авенијата Монтењ во Париз.

Понудата ќе биде достапна од 20-22 март, а клиентите ќе ја имаат ексклузивната можност да ги создадат чевлите од нивните сни, со избирање на деветте предложени модели. Купувачите ќе можат сами да ја изберат бојата, материјалот и потпетицата на чевлата, а она што задолжително ќе мора да се додаде на сите креации е логото на модната куќа со златни букви.

Испораката на чевлите ќе се врши директно до домовите на клиентите во кутија чија боја ќе биде иста како и моделот на чевли. „Негативната“страна на целата приказна е што за да ги добиете чевлите од вашите соништа ќе морате да почекате неколку месеци, бидејќи изработката е мошне сложен процес на кој што мајсторите му посветуваат огромно внимание.

Објавено:
19 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци