Преглед на алтернативен накит од црвениот килим

20 јуни 2014

Giovanna Battaglia Giovanna Battaglia

Црвениот килим е позицијата од каде е ред славните да го произнесат најдоброто, како во однос на гардеробата така и на накитот. Во продолжение акцентираме на парчиња алтернативен накит, кој славните ѕвезди го носеа на разни настани од свечен карактер. Необичните обетки што се носат на едно уво се популарни од поодамна, но од минатата година повторно почнаа поинтензивно да ги красат познатите на црвениот килим. Доколку имате модели на вакви обетки, брошеви,ѓердани  што се уникатни и алтернативни, не оставајте да ви стојат во кутијата накит.

Alicia Keys-2012 Alicia Keys-2012

Секое специфично и алтернативно парче е безвременско. Алиша Кис е само една ѕвезда што ги обожава ваквите модели независно дали се во тренд или не и ги носи честопати. Во големото јато славни што ги преферираат ваквите алтернативни парчиња накит се и црномурестата актерка Лупита, Џесика Алба, Ема Вотсон и други.

Објавено:
20 јуни 2014
Категорија: 
Модни додатоци