Лејди Гага со футуристичките маски за лице доминираше на алтернативниот црвен килим на VMA

31 август 2020

Ако сè уште беше отворено прашање дали заштитните маски за лице ќе добијат статус на задолжителни модни додатоци, Лејди Гага го даде одговорот на вчерашните МТВ Видео музички награди (VMA) каде доминираше со својот сценски изглед.

Таа смени дури девет аутфити (носеше дизајни и на Ирис ван Харпен и Валентино) кај кои акцентот беше на футурстичките маски, освои четири VMA награди меѓу кои и за артист и за песна на годината за „Rain on me" заедно со Аријана Гранде, а со тоа беше во центарот на медиумското внимание.

Инаку, годинешново „алтернативно" издание на VMA беше снимено во период од неколку дена на неколку различни локации во Њујорк, по протоколи што ги налагаат новите „ковид" правила, вклучувајќи и задолжителна физичка дистанца. Затоа, наместо стандардниот црвен килим, концептот вклучуваше алтернативни солуции со неколку различни сцени за фотографирање и за перформанс на артистите, а премиерно настанот беше емитуван вчеравечер.

Меѓу доминантните победници, покрај Лејди Гага беа и бендот BTS и Аријана Гранде, секој од нив освојувајќи по четри VMA статуетки.

Новитет на церемонијата оваа година беа и неколкуте нови категории што ги наметна актуелната ситуација, како наградата за најдобро музичко видео снимено дома, што им припадна на Џастин Бибер и Аријана Гранде.

Целосната листа на наградени погледнете ја на овој линк, а во продолжение се фотографиите од највпечатливите изданија на црвениот килим.

Фото: Daily Mail, Harper's Bazaar

 

Објавено:
31 август 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
331 пати