Лос Анџелес беше градот во кој вчера се собраа голем број музички ѕвезди, а причината беше годинашното издание на Американските музички награди.
Утрото потоа, светските медиуми во центарот на вниманието не ги ставија наградените, туку домаќинката, моделот Џиџи Хадид.
Таа во друштво со Џеј Фаро, ги забавуваше присутните, но сепак најмногу се зборува за креациите што ги носеше.
Моделот на црвениот килим се појави во прекрасен, романтичен, бел фустан од тантела со потпис на „Роберто Кавали“, со што е прогласена од модните медиуми за една од најдобро облечените.
Нејзиното модно шоу продолжи во Лос Анџелес Театарот, каде ја видовме во уште во пет креации.
Црвениот фустан во стилот на Џесика Ребит беше од модната куќа „Версаче“, украсеното тореадорско палто и шорцевите беа втората комбинација во која се појави на сцената, а се креација на велшкиот дизајнер Џулиен Мекдоналд. Негова изработка беше и тесниот беж фустан.
До крајот на вечерта Џиџи се појави и во долга црна тоалета и транспарентен комбинезон, со што дефинитивно остави моден печат на ова издание на музичките награди.
Ако се навратиме на црвениот килим, меѓу најдобро облечените беа и Селена Гомез, која одбра црвен фустан од „Прада“ во принцез крој. Лејди Гага го привлече вниманието со белото одело и шапка, а Нина Добрев со кратките шорцеви и палто со потпис на Зухаир Мурад.
Криси Тиген ги изненади сите со креацијата која открива многу, додека за црно-белиот фустан што го носеше Сијара има многу поделени мислења. Трендот на транспарентни креации сè уште трае, па голем број од ѕвездите се одлучија токму за такво издание. Сепак, Хајди Клум не беше една од нив. Нејзиниот избор беше златен комбинезон, кој ја врати на позитивната модна листа.
Освен модното шоу, вредни за внимание беа секако и настапите на големите музички ѕвезди. Според „Билборд“, најдобриот перформанс на сцената го имаа Ники Минаж и Аријана Гранде за нивниот хит „Side to side“. Според нив меѓу најдобрите се и настапот на Лејди Гага со „Million Reasons“, Бруно Марс...
FULL HD: Ariana Grande and Nicki Minaj perform their smash hit 'Side To Side' at the #AMAs. pic.twitter.com/biTNoB9hnv
— Nicki Minaj Society (@MinajSociety) November 21, 2016
Еден од најемотивните моменти на вечерта е појавувањето на сестрата на Принц, Тика Нелсон, која ја прими наградата за Најдобра песна, која постхумно му е доделена на Принц за „Purple Rain“, што предизвика солзи кај сите присутни.
„Принц им пркосеше на шансите, со цел да го „наелектризира“ целиот свет. Тој ја имаше храброста да биде поинаков. Со неговата визија и талентот што Господ му го даде, тој сè уште е еден од најпочитуваните и најсаканите уметници во светот – рече Нелсон.
Емотивно беше и појавувањето на Роберт Дауни Џуниор, кој го најави Стинг, на кого му припадна наградата – „Award of Merit“. За таа цел тој изведе микс од неколку негови хитови.
За најдобар поп/рок бенд, дуо или група е прогласен „Twenty One Pilots“. Во категоријата за најдобар рап или хип-хоп албум наградата му припадна на Дрејк, кој имаше вкупно рекордни 13 номинации, а освои и награда за најдобар хип-хоп изведувач, најдобра хип хоп песна „ Hotline Bling“. Најдобар изведувач на електронска денс музика е The Chainsmokers.
Наградата за соработка на годината им припадна на Fifth Harmony Ft. Ty Dolla Sign, "Work From Home", додека изведувач на годината е Зеин.
Најдобра поп/рок изведувачка е Селена Гомез, а за изведувач на годината е прогласена Аријана Гранде. Крис Браун е најдобриот Соул/Ар-Ен-Би артист, додека во женска категорија тоа е ријана. Таа ја добри и наградата за најдобар Соул/Ар-Ен-Би албум – „Anti“ и најдобра ар-ен-би песна „Work“.
Меѓу наградените се најдоа и Адел и Енрике Иглесијас.
Во продолжение погледнете дел од вчерашните изведби: