Приказната зад најскапата чанта на светот

25 декември 2020

Луксузниот бренд Boarini Milanesi лансираше чанта чија вредност изнесува седум милиони долари, која воедно е и најскапата чанта на светот некогаш направена.

Целта на овој луксуз е да се крене свеста за потребите на заштита на морето и океанот, кои стануваат уште позагрозени со неразградлива пластика во ова време на пандемија.

 

Како велат, речиси милион долари од приходот ќе биде донирано за чистење на морето.

Но, не е ни само тоа. Зад создавањето на чантата има и емотивна приказна, поврзана со личната приказна на еден од основачите и дизајнерите на брендот, Матео Родолф Миланесе.

Матео го изгубил татко си уште кога бил тинејџер, а најголемиот дел од спомените на и со него се поврзани токму со морето.

„Секое лето го поминувавме на море, помеѓу Грција и Турција, а јас бев најсреќен кога ќе одевме на излети со број помеѓу островите. Иако масовниот туризам тогаш беше нешто далечно, често можевме да видиме и пластични ќеси како пловат по водата или делови од катран кои завршиле во морето од танкерите за нафта. Неодамна во морето видов уште повеќе пластика од времето кога бев дете. Поради пандемијата, невнимателно се фрлаат многу ракавици, маски за лице... Ова ме потсети на татко ми, кој нуркаше во водата за да собира пластични ќеси и шишиња. Воедно ми помагаше да ги избришам мрсните дамки од катранот кои ќе ги најдев на плажата додека ги правев замоците од песок“, вели тој.

Токму затоа, тој одлучив да направи нешто за да ја продолжи заложбата на татка си за кристално чиста вода на големите водни пространства, а воедно и да ја крене свеста на луѓето за потребата од почит кон животната средина.

Чантата ја посветил токму нему, а на светот постојат само три вакви. Се работи за моделот Parva Mea, создадена од полусјајна кожа на алигатор. Украсена е со пеперутки од бело злато, со сафири, дијаманти и турмалини. За изработката биле потребни преку 1.000 часа работа.

Изборот на камења е поврзан со морската вода. Синиот сафир ја претставува длабочината на океанот, турмалинот потсетува на неиизградените карписки мора, а дијамантите се однесуваат на транспарентноста на водата.

Инаку, концептот на компанијата е „помалку е повеќе“ - помалку производи, но повеќе квалитет. Секоја од чантите што ги изработуваат се по нарачка, исклучиво за клиенти, со врежано име на кожата. Внатрешната структура и пакувањето се изработени од волна и кашмир.

Објавено:
25 декември 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
511 пати
Тагови: 
чанта приказна