Обувките во пастелни нијанси можеме да видиме и во актуелната сезона, па дури и низ нашите продавници. „Тимберленд“ и моделите слични на нив се појавија токму во такви нијанси и го освоија пазарот.

Кога се обувките за другите сезони во прашање, ова е трнед што е застапен веќе сезона наназад, но модните стручњаци велат дека кулминацијата ќе ја доживеат оваа пролет.

Ова размислување не е залудно, особено ако имаме предвид дека Викторија Бекам, Каролина Херера се само дел од дизајнерите што ги популаризираа ваквите чевли во своите пролетни колекции.

Внесуваат свежина и нежност во изгледот, а и совршени се за комбинации. 

Од сандали, преку салонки, па сè до патики и чизми до глужд, оваа пролет ќе биде вистинско пастелно модно шоу.

Во склад со нив, одат и чантите во слични нијанси, како и палтата, мантилите, капутите.

Имате богата палета на можности и нијанси по кои можете да посегнете и да ја изразите својата модна креативност.

Објавено:
12 февруари 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.480 пати