Направете место за мантилите...
•
11 февруари 2024
Преодната сезона меѓу другото е резервирана за мантилите. Кога зимските температури попуштаат на ред доаѓаат токму овие парчиња облека коишто му даваат посебен шик шмек на секој аутфит.
Бојата во која што најчесто ги гледаме е беж, но ги има и во зелени, кремави, окер и слични земјени нијанси.
Мантилите се составен дел од деловниот стил, а се исто така и практични со оглед на тоа што ги носиме и напролет и наесен.
Можеме да ги комбинираме со чизми, патики, мокасинки во зависност од желбите и приликата. Ги носиме во опуштена, но и во посвечена варијанта.
За нив можеме да кажеме дека имаат епитет на безвременски класик, па затоа подгответе се со неколку свежи идеи.
Фото: Pinterest