Моден водич: Деловен изглед со елек

20 март 2023

Кога станува збор за деловен изглед, понекогаш ни претставува проблем изборот на облеката.

Сакаме истовремено да сме модерни, да ни е удобно тоа што го носиме, но и да биде доволно сериозно за на работа.

Како да ги ставиме овие три елементи во едно? Едно од решенијата се оделата со елек.

Елекот веќе долго време не е само дел од машката гардероба, ова парче се повеќе го носат и жени во комбинација со панталони, блејзери, кошули.

Оделата можеме да ги одвоиме во зависност од желбите и приликата, па кога надвор е топло, панталони и елек е одлично решение.

Уште едно парче со кое нема да згрешите, кога е потребен деловен стил.

Фото: Pinterest

Објавено:
20 март 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.705 пати