Како носиме елек во пролет

19 март 2024

Пролетта е време кога температурите можат да варираат, па така по врнежливо и свежо утро, може да дојде сончево и пријатно пладне.

Затоа облеката што ја носиме треба да се приспособи на моменталните прилики. 

Елекот е едно од парчињата облека коешто навистина и прилега на пролетта. Рацете се слободни за движење, а телото е и понатаму заштитено во случај на ветер.

Освен тоа долгиот елек, којшто е всушност блејзер без ракави може да се комбинира со се - од фармерки и панталони, па се до ролки и елегантни кошули. 

Нашиот мал фото водич ќе ви покаже како го носиме ова парче во пролет.

Фото: Pinterest

Објавено:
19 март 2024
Категорија: 
Тренд