Изминатата сезона елеците со строга линија и цврст крој не освоија не само со изгледот, туку и со префинетата едноставност. Најчесто се комбинираат со класични панталони и хитовските „boyfriend“ фармерки, а изгледаат неодоливо и во контраст со летните фустани. Сега кога слоевитото облекување е повторно е ин, креативноста е единственото нешто кое може да ве спречи во комбинирање на ова кул парче.
Доколку сакате да оставите моќен впечаток, тогаш наш предлог е комбинација на краток црвен фустан и црн долг елек декориран со странични џебови и нагласен струк.
За сите обожавателки на лежерниот стил, идеално комбинација би биле искинати фармерки, маичка на пруги и нормално неговото височество елекот. Шапка, масивен ѓердан или алка ќе ја докомплетираат и онака шармантната визија.
Елекот може да го комбинирате и со мини или макси здолништа. Особено впечатлив изглед се создава кога оди во комбинација со здолништа во полн глок и богата текстура, на кои покрај елекот можете да им додадете маичка со атрактивен принт или некој ултра урбан натпис.
Оние дами кои повеќе ја преферираат класиката, елекот ќе сакаат да го комбинираат со skinny панталони или фармерки, едноставна црна топ маичка и тренди накит.
Погледнете ја галеријата и видете како светските трендсетерки и блогерки умеат да го комбинираат елекот во своите аутфити. Инспирирајте се и уште денес вметнете го елекот во вашата нова комбинација за претстојниот викенд.