Елек во секоја стилска варијанта

15 декември 2014

Започна работната недела, а ние понеделнички ве инспирираме како да го стилизирате изгледот со парче кое е апсолутно флексибилно и прилагодливо за различни прилики и во различни стилски приказни.

Елекот дефинитивно ја нуди потребната комфорност и топлина неопходна за оваа сезона, а дополнително остава перфектен моден впечаток. Нема ограничување во однос на моделот или должината, важно е дека ова парче може да се комбинира како во кежуал, така и во деловни комбинации.

Особено е  важно да нагласиме дека елекот е совршено елегантно парче за вашите бизнис состаноци, но и задолжителен дел од аутфитот доколку сакате да изгледате уникатно, без разлика дали тој ќе биде комплетиран со фармерки, здолниште, маица или кошула. Елеците се дефинитивно ИН на улиците на модните метрополи, а од фотографиите погледнете како трендсетерките го комбинираат во својот имиџ.

 

Објавено:
15 декември 2014
Категорија: 
Тренд