Модна доминација на крзнените елеци

25 декември 2014

Доколку сте фан на вештачкото крзно, тогаш зимава стоплете се со крзнен елек. Ова парче доминира како на модните писти, така и на улиците на модните метрополи. Покрај бундите и крзнените додатоци на шаловите и чантите, елеците нудат совршен начин за стилиризирање на изгледот.

Крзнениот елек е совршен за комбинација со кожена јакна, или пак долг капут, фармерки или кожени панталони и рамни или чизми до глужд. Исто така, моделите од ова парче може да се најдат како во стандардна црна, но и во шарени нијанси, кои нудат можност за освежување во зимското сивило. Во продолжение, погледнете ги фотографиите и инспирирајте се!

 

Објавено:
25 декември 2014
Категорија: 
Тренд