Капутите, јакните и елеците за претстојната сезона под лупа

3 септември 2013

Низ продавниците за облека, веќе се изложуваат колекциите за сезоната есен-зима 2013/14, а како и секогаш најмногу им се обрнува внимание на јакните и капутите. Кој модели ќе ја одбележат оваа зима?

 

 

Според мислењето и констатациите на експертите, тоа нема да биде нешто поразлично од минатата сезона. Долгите предимензионирани капути, без форма, со паднати раменици и ненагласен струк се дефинитивно во мода, крзното во комбинација со кожа е исто така апсолутен хит за оваа сезона, со што да додадеме дека крзнените бунди ќе бидат мошне популарни и модерни.

Кратките јакни за секој ден не го губат приматот, најчесто тоа се кожните јакни, но и тексас јакните, мини бундите, подебелите џемпери и слично.Фантастично решение е и миксот на материјали и ткаенини кога се јакните во прашање. Дизајнерите направиле спојки од типот кожна јакна со ракави плетени од волна или памучна јакна со кожни ракави, тексас јакна во комбинација со памучни ракави, моќни коктели на текстури и линии кои му даваат една поинаква визија на краткото палто. Она што е револуционерно и ново кога станува збор за капути и јакни е враќањето на елеците. Елеци во форма на кожувчиња кои може да ги носите врз вашите јакни, потоа кожните елеци кои обично се подолги, па крзнените кои се кратки и се во каубојски стил. Богатата палета на принтови не заостанува, карираниот кралски принт е мошне присутен, потоа геометриските форми, колор блок варијантата, цветниот дезен и животинскиот принт. Патентите, нитните и боцките се основни украси особено кај елеците и јакните. Боите се темни и тмурни како и времето кое не очекува, но вие ќе бидете креативни па со помош на модни детали ќе ја освежите темната гардероба.

 

Cover-Up-5-Glamour-27Aug13-PR_b_592x888

 

Она што можеме да го забележиме е дека сите модели на јакни, капути и елеци имаат широки јаки кои паѓаат  и на ниту еден од овие дизајни не е прикачена качулка, која пред неколку години беше вистински тренд. Класичните модели од едно време се водечките инспиративни нишки во скоро сите дизајнерски колекции за оваа сезона.

 

 

Еве селекција на модели капути, јакни и елеци кои ќесе носат претстојнава сезона:

Објавено:
3 септември 2013
Категорија: 
Тренд