Лесна како пердув, долга, кратка, со апликации, колоритни дезени, интересни принтови, бои, модели и кроеви. Како паѓаат температурите, така во нашиот гардеробер се поголемо место зафаќаат капутите, палтата и монтките, се што може да не стопли. Изборот е голем и одговара на сечија потреба и стил, тргнувајќи од класичните модели па се најспортските јакни.
Иако последниве неколку зимски сезони најактуелни беа сите верзии на класични модели на капути, оваа сезона ќе им отстапат место на монтките. Доколку првата асоцијација која ви доаѓа на ум е спортска јакна, грешите. Монтките оваа сезона еволуираат во нешто сосема поинакво и софистицирано. Искористени се сите материјали, бои, дезени, кроеви и должини и еве што понудија модните куќи и брендови како краен производ: