Секое лето уживаме во широката понуда и изборот на костими за капење. Доколку ги обожавате едноделените модели на костимите за на плажа, тогаш сигурно ќе имате среќа низ продавниците да го пронајдете вистинскиот за вас. За ова лето светските брендови изненадуваат со оригинални и весели модели за сечиј вкус. Меѓу омилените се оние во крој на топ од предниот дел кај градите, но тука се и оние со шарени и пејсажни принтови, како и такви со написи. Речиси секој од комерцијалните брендови од понудата вклучува барем еден ваков модел, што воедно покажува дека едноделните костими се вратија на големо. Ако мислевте дека костимите за капење со реси кои минатото лето беа едни од набараните оваа сезона ќе бидат изоставени, се лажете. Токму ваквите флуентно „разиграни“ модели повторно се меѓу трендовските.
Освен оние со реси сигурно ќе сретнете и винтиџ модели кои порано ги носеа пин-ап девојкте. Разгледате ја галеријата и инспирирајте се каков едноделен костим за капење ќе одберете за ова жешко лето.