Видете што носат познатите на плажа

25 мај 2013

Најчести  се едноставни дводелни костими за капење, а вистинско освежување се костимите во неонски нијанси и едноделните ретро модели. По странските медиуми се појавија и селебрити со костими за капење со реси, карнери и шарени принтови.

Една од омилените комбинации е костим за капење со различна боја на горниот и долниот дел. Доколку сакате да го смалите долниот дел од телото, тогаш ова е вистински погодок. Темниот долен дел визуелно ќе ве намали, а горниот дел од костимот за капење во светла нијанса ќе ги истакне вашите квалитети.

Можеби некоја од комбинациите на  дел од најпознатите жени во шоу бизнисот ќе ви даде идеја за вашиот изглед на плажа за претстојното лето.

Објавено:
25 мај 2013
Категорија: 
Сцена