Првиот Саем за накит во Скопје закажан за овој викенд

6 октомври 2016

Во организација на Јавна Соба и „KAPKA Jewelry", од 7 до 9 октомври во просториите на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба", ќе се одржи првото издание на Саем за накит и модни додатоци, „НАКИТ 2016".

'НАКИТ 2016' ќе има продажен карактер и е наменет за пошироката публика, за познавачите на добриот накит, за љубителите на модните дадотоци, за конзументите на добрата атмосфера и забава.

Саемот ќе биде збогатен со предавања, работилници, и секако многу дружење и музика.

'НАКИТ 2016' почнува во петок (7 октомври) во 21часот со диџеј сет на Соња Исмаил.
Истиот ден, пак, од 17 до 20 часот саемот ќе биде отворен за сите оние кои сакаат да се освежат со коктел, а ќе имаат привилегија први да ги погледнат колекциите на дизајнерите.

Во сабота, од 17 ч. ќе се одржи матине со диџеј Шурбеира. Во попладневните часови, од 16 до 20 ч. предавања ќе одржат дизајнерките на накит Биби Клекачкоска, Мима Пејоска и Бранка Данчевска, како и Ана Димчевска, конзерватор за метал во Музејот на Македонија. Саемот ќе биде отворен за посетители од 10ч. до 22ч. во сабота и од 10. до 18ч. во недела.

Во рамки на саемот предвидени се и две работилници за деца, во сабота од 17 до 19 часот и во недела од 11 до 13 часот со суперкреативната Ина Михајлова.

На саемот, во оваа негова прва година на реализација, настапуваат изработувачи и дизајнери на накит од Србија, Бугарија и Македонија.

 

Објавено:
6 октомври 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
906 пати