Отворен повик за учество на саем за накит и модни додатоци „Накит 2016“

12 август 2016

Саемот за накит и модни додатоци „Накит 2016“ ќе се одржува од 7-ми до 9-ти октомври, во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.

Право на учество имаат сите изработувачи и дизајнери на накит, како и автори и уметници од други области кои го користат накитот како форма на уметност и средство за креативно изразување и кои се фокусирани на нови, иновативни и свежи идеи.

Јавниот повик важи за сите заинтересирани дизајнери од Македонија и регионот.

Бројот на учесници е ограничен, а краен рок за аплицирање е 15 –ти септермври.

Повеќе информации, како и формата за апликација можете да ја најдете на линкот овде.

Селектираните кандидати за учество на првото издание на саемот ќе бидат известени најдоцна до 20-ти септември.

Настанот ќе биде збогатен и со дополнителни активности како предавања, презентации и работилници, а е во организација на „Јавна соба“ и „КАПКА“.

Влезот за посетителите ќе биде слободен, а саемот е од продажен карактер.

Објавено:
12 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
461 пати