Легендарниот американски бренд за накит „Tiffany&Co“ има нова кампања. Покрај прекрасниот накит, ново е тоа што за првпат во историјата на брендот одлучија да ангажираат познати лица.

Ваквата одлука доаѓа по падот на профитот, па не губејќи време, челните луѓе одлучија да ја ангажираат поранешната уредничка на американски „Вог“ и стилистка Грејс Кодингтон, да им помогне при создавањето на есенската кампања.

По анализата за потребите и барањата на брендот, Грејс се одлучи да повика неколку познати дами за кои верува дека ќе ја вратат популарноста на „Tiffany&Co“.

Лицата што ќе ги рекламираат новите парчиња накит се актерките Ел Фенинг и Лупита Нјонго, како и моделите Кристи Турлингтон и Натали Врестлинг.

За фотографиите е задолжен Дејвид Симс.

Фотографиите се портрети, на позадина во заштитната светлосина боја на брендот, што е голем чекор нанапред, имајќи предвид дека досегашните кампањи беа со традиционални црно-бел фотографии.

Од тимот се надеваат дека оваа револуционерна промена за нив ќе им ги донесе саканите резултати.

Објавено:
22 јули 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
311 пати