За сите оние што ги сакаат необичните дизајни и впечатливоста, особено кога се работи за обувки, во продолжение ќе презетираме неколку модели кои би можеле да ви бидат интересни и инспиративни.
Диор (1860 долари)
Ова е хибрид од патика и салонка, па знае да предизвика забуна кај луѓето. Ова е еден од најспектакуларните модели за оваа сезона со дизајнерски потпис. Тоа што ќе предизвика различни реакции, значи дека сте ја постигнале целта.
Чизми Миу Миу (околу 850 долари)
Изгледаат како да се направени од материјал од кој најчесто се прават дождовните мантили. Сигурни сме дека овој модел би го носеле само најхрабрите девојки. Некои ги носат без чорапи, а некои со дезенирани чорапи, со што стануваат уште пооткачени.
Сандали Прада (околу 990 долари)
Овие сандали се сандали од горната страна, со тенки ременчиња, но потпетицатаизгледа како дел од некој апарет. Како и да е, со оглед дека се на полна пета, сандалите се удобни и секако, впечатливи.
Чизми Александар Ванг (995 долари)
Чизмите беа едни од највпечатливите елементи од последната колекција на Александар Ванг.Тие напред се и чизми, но не и од задната страна. Моделот позади потсетува на влечки на потпетица. Пократката верзија можевме да ја видиме кај Версаче оваа сезона.
Чевли со монистра на Рошас(околу 1860 долари)
Веруваме дека голем број жени би ги посакале во својата колекција. Изгледаат луксузно, а совршено се комбинираат со женствени здолништа и фустани.
Чевли со потпис на Сен Лоран (околу 845 долари)
Овие чевли дефинитивно потсетуваат на оние што ги носи Дороти од „Волшебникот од Оз“. Црвените светки се сами по себе впечатливи, а оние пинк на потпетицата го прават овој модел уште повеќе посебен.
Шанел патики (цената достапна само на барање на купувачот)
Материјалите по кои се препознатливи моделите на Шанел, сега се имплементирани во овие патики. Тоа што се направени од комбинации на твид ги прават добри за повеќе комбинации - и оние по деловните, како и спортските.
Барбери чизми до глужд (околу 1695 долари)
Кристофер Бејли се одлучи на дамите да им понуди женствени чизми до глужд со отворени прсти. Моделот сам по себе не е необичен, но она што ги прави овие обувки посебни е тоа што се рачно цртани. Одлично решение да се биде уникатен.
Оксфордки од Стела Макартни (околу 1080 долари)
Овие Оксфордки се на ѓон, а ги красат ѕвездички. Инаку, поради нивниот облик, уште се наречени и „пегли“.
Патики од Marc by Marc Jacobs (околу 550 долари)
Уште една верзија на темата на спортски обувки. Овие се наречени нинџа-патики и соодветно, бидејќи со дизајнот и бојата имаат во нив, како што велат и од брендот „нешто јапонско“. Па, ако сте љубител на оваа естетика, ова сигурно ќе ви се допадне.