Сара Џесика Паркер оствари нова хуманитарна соработка

2 јули 2014

Синди Чао е позната по уникатната изработка на пеперутка брошеви со висок квалитет кои најчесто се продаваат по пат на аукции. Овој пат дизајнерката специјално дизајнираше брош во соработка со актерката и тоа модел – балерина пеперутка, а заработката од продажбата на истиот на организираната аукција во Хонгконг ќе биде наменета за балетско студио во Њујорк.

На Синди и беа потребни две години за изработка на овој модел на брош кој е мешавина од бело злато, титаниум, бели и кафени дијаманти и розови бисери. Таа е задоволна од конечниот изглед и смета дека благодарение на помошта од Сара Џесика  Паркер овој брош ќе го пронајде својот сопственик.

Објавено:
2 јули 2014
Категорија: 
Модни додатоци