Сестрата на Кејт Мос во кампања за Шанел
•
14 февруари 2017
По Лили Роуз и Вилоу Смит, во малата, но одбрана „армија" на млади влијателни лица, Карл Лагерфелд ја ангажираше и помладата сестра на топ моделот Кејт Мос, Лоти.
Имено, таа е новото заштитно лице на кампањата на Шанел за актуелната линија очила за сонце што ќе биде пуштена во продажба во април.
Повеќето од дизајните се предимензионирани, со масивни рамки, метлани – огледални стакла, а формите варираат од кружни до такви во форма на пеперутка.