Шарлот Олимпија го слави СП во фудбал со капсулна колекција чанти

26 јуни 2014

Инспирирана од мундијалската фудбалска еуфорија која го држи целиот свет, британската дизајнерка на аксесоари Шарлот Олимпија на 4-ти јули ќе ја промовира нејзината мини колекција чанти кои целосно се во духот на фудбалот. Станува збор за четири модела на проѕирни клач чанти кои во внатрешноста имаат сатенска торбичка на која се испринтани знамињата на Бразил, Аргентина, Америка и Италија.

-Јас сум половина Бразилка и има три малечки момчиња и сакав заедно со нив да создадам чанти кои ќе бидат женствени, но истовремено и забавни со тоа што ќе го слават фудбалот во Бразил, објаснува дизајнерка.

Шарлот Олимпија не е единствената која инспирацијата од дизајнот ја црпи од СП во фудбал, а досега посведочиме на многу вакви модни идеи кои на фудбалот му даваат еден поинаков моден акцент.Новата капсулна колекција на Олимпија ќе се продава во Њујорк, Лондон и Мајами.

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Модни додатоци