Фантастичното модно дуо Долче и Габана, покрај другото е препознатливо и по авантурите низ вековите во инспиративната Сицилија, прикажани преку нивните колекции.
Ваквото „правило" не е исклучок и во нивната последна колекција очила за сонце.
Традиционалните вредности на обожаваната, родна Сицилија се прикажани преку богатиот колорит, флоралните принтови и рачно изработените детали на колекцијата очила насловена „Sicilian Caretto".
Инаку терминот „Sicilian Caretto" се однесува на традиционално средство за превоз на стока кое датира од 19-от век, а карактеристично е по тоа што е изработено од различни типови дрво украсено со минијатурни резбани детали, а денеска се смета за сицилијански народен симбол.
Лимитираната колекција е произведена само во стотина уникатни примероци, со минијатурни рачно исцртани релјефи во шаренило од бои.