„Порцеланска“ колекција модни додатоци на Долче и Габана
•
8 јуни 2015
Инспирирани од сицилијанската традиција и техниката на украсување керамика, двоецот Долче и Габана создаде магична мини колекција аксесоари во сино-бела комбинација, што ја симболизира вечно инспиративната Сицилија.
Оваа техника на украсување на порцелан на Медитеранот е особено почитувана поради прецизноста во сликањето на флоралните детали и другите мотиви на белата површина на порцеланот. Луксузниот бренд овој мотив го аплицираше на модните додатоци што ја сочинуваат новата мини колекција: еспадрили, сандали и чанти.
Изгледаат совршено и безвременски, како скапоцен порцелански сет.