Дизајнерски кујнски апарати од Долче и Габана налик на уметнички дела

11 април 2017

Бескрајно инспиративната Сицилија е мотивот за дизајнерската колекција кујнски апарати на модното дуо Долче и Габана во соработка со компанијата Smeg.

Овие два италијански брендови го здружија својот потенцијал со цел од кујнските апарати да создадат уметнички дела.

Обичните тостери, соковници, блендери, апарати за кафе, добија една сосема поинаква димензија благодарение на егзотичните, уметнички форми, детали и орнаменти инспирирани од сицилијанската култура, а луксузната колекција е насловена „Sicily my love".

Оваа колекција е изложена и во рамките на тековниот саем Salone del Mobile во Миално.

Инаку ова не е нивна прва заедничка соработка. Почетокот на минатата година креираа серија дизајнерски фрижидери, а цената на овие производи не е откриена, но може да претпоставиме дека ова задоволство чини многу...

Објавено:
11 април 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
108 пати