Спој на современост и традиција во новата колекција на Mix & Match

30 септември 2014

Mix & Match е всушност еден од најомилените брендови на Доменико Долче и Стефано Габана кои со спремањето на голем број колекции успејаа да создадат светски препознатлив стил. Од брокат до кожа, Долче и Габана отсекогаш сакале да експериментираат во однос на ткаенините и комбинациите, а новата колекција „Mix Sicily“ е спој на современоста и традицијата со луксузот.

„Mix Sicily“ нуди чанти со примамлив и префинет дизајн во тренди бои, изработени од квалитетни материјали, од кои особено се издвојуваат моделите со змиска и крокодилска кожа и се неменети за сите оние припаднички на понежниот пол, кои сакаат да бидат препознатливи токму по изборот на модни додатоци.

Објавено:
30 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци