Студената есен зачинете ја со чевли во интензивни бои

18 ноември 2013

Се согласуваме, црните чевли со потпетици одговараат на секоја комбинација, но оние во боја дефинитивно ќе го задржат вниманието на другите на вашите нозе.

Најпопуларните чевли со потпетици веќе неколку сезони се оние со елегантен шпиц што дефинитивно ја издолжуваат ногата. За оваа студена есен одберете чевли во интензивни бои што дефинитивно повикуваат на непреспиени ноќи и луди забави исполнети со танц.

Ваквите чевли во интензивни бои носете ги со хулахопки без боја и без сјај или направете некоја луда комбинација со дизајнирани хулахопки.

Ваквите чевли може да ги носите и како дел од вашите дневни комбинации со здолниште до колена или пак едноставно со фармерки. За вечерните комбинации, изгледајте секси со тоа што ќе облечете тесен фустан со интересен принт или пак еднобоен и ќе го комбинирате со ваквите чевли.

За храбрите девојки и оние што се зависни од бои, совршени се сината, црвената и зелената боја, додека оние што секогаш сакаат да играат на сигурно нека ја одберат непогрешливата црвена која секогаш изгледа гламурозно и секси!

Објавено:
18 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци