Познат по својата модерна и уникатна дизајнерска естетика, Филип Старк идејата за држач на шапки ја искористи како основа и создаде нов извор на светлина.
Наречена „The Chapo“, францускиот дизајнер Филип Старк, креираше функционална светилка чиј стил и форма може да се трансформира во зависност од обликот на шапката кој се наоѓа на врвот од светилката. Дизајнот е минималистички, елегантен со мека и едноставна линија, изработен од алуминиумска основа и LED светилка на врвот.
Она што е особено интересно е можноста сами да си ја стилизирате светилката со шапка од вашата приватна колекција. „Chapo“ светилката има оптички прекинувач на основата, односно се вклучува на допир, како и УСБ што ви овозможува да го надополните вашиот паметен телефон или таблет во секое време.