Тренд: Округли крпи за плажа
•
20 јули 2016
Трендсетерките полудеа по округлите крпи за плажа. Инстаграм е преплавен со фотографии од плажа, каде во прв план е токму овој моден додаток.
Со интересни, егзотични шари, честопати инспирирани од етно мотиви, како имитација на турските килими, а памучни, овие крпи за плажа се наметнаа како вистински летен хит.
Има и такви со натпис, овошен дезен, кои ќе ви го развеселат и престојот на плажа, но и фотографиите.
Најчесто се со дијаметар од 150 сантриметри, со што можете да лежите и сами, но и да го поделите со пријателот, партнерот...
Некои ги користат и како марами, бидејќи се лесни и тенки, а уште еден плус им е тоа што зафаќаат многу малку простор.
Во продолжение погледнете зошто сите полудеа по овој летен тренд.